TGLS2019-Liz-Bohannon.jpg

Лиз Бохенон

Коосновач и главен коизвршен директор, Sseko Designs

Лиз Бохенон е основачката на Sseko Designs, социјално свесен моден бренд, кој работи да создаде можности за лидерство и образование за жените во светот. Таа верува дека бизнисот е моќна платформа за социјална промена и дека девојките се нашата иднина. Според американскиот бизнис-магазин Блумберг Бизнисвик (Bloomberg Businessweek) таа е на врвот на листата на социјални претприемачи, а според Форбс (Forbes) е во врвните 20 говорници. Во нејзината книга „Beginner’s Pluck“, која ќе се промовира на Самитот, Бохенон го користи своето патешествие за да истражи 14 принципи, не за наоѓање, туку за градење живот со цел, страст и влијателност.

Лиз Бохенон е коосновач и главен извршен директор на социјално свесниот моден бренд Sseko Designs. Во нејзиниот говор, Лиз го споделува тоа како мал почеток може да води до голем сон. Преку фразата и со својата книга Beginner’s Pluck (Почетничка храброст), Лиз разоткрива некои митови за почетничката среќа и тоа како размислувањето како почетник може да биде една од најдобрите предности на лидерството.

Развивајте се до следното ниво

Лиз ни кажува дека како што нејзината компанија требаше да расте, така таа требаше да прави значителни промени за да се развиваат нејзиното лидерство и бизнис. Направете краток попис за да утврдите кои менталитети, промени на моделот, вработувања или инфраструктурни потреби ќе помогнат да ги развиете вашето лидерство, тим или организација до следното ниво.


Определете како да направите чекор кон остварувањето на една од овие идеи денес, т.е. организирајте состанок, јавете се и сл.

Циклусот на учење

Лиз зборува за четири фази на учење: несвесна некомпетентност, свесна некомпетентност, свесна компетентност и несвесна компетентност. Продолжува да објаснува како овие фази не треба да се гледаат како линеарна патека до чиј крај се стигнува, туку како циклична – којашто постојано ја започнуваш.

  • Што се однесува до вашето сегашно лидерство, со која фаза од циклусот на учење најмногу се идентификувате?

  • Во кои области од свесната некомпетентност (свесни сте за тоа што не го знаете)  сте во моментов?

  • Каде би можеле намерно да се фрлите себеси во фазата на свесна некомпетентност за да можете да влезете во „волшебната земја на почетниците“?

Сонувајте мали соништа

Кој голем сон ви дава чувство дека имате одредена улога во овој свет?

Со кој реален израз на овој голем сон сте во моментов ангажирани?

Со кој единствен, мал израз на овој голем сон може да почнете или да продолжите за да се поместите од просторот на сонување кон просторот на исполнување на вашиот сон?


 Не бидете херој

На кои начини може да го искористите вашето сегашно раководство за да им помогнете на другите да ги остварат нивните соништа? Која личност би ја поддржале со цел да ѝ помогнете да го оствари својот потенцијал?

ACT

Put your big dream in motion, or move it a little farther, by naming the ONE small expression of your dream that you will focus on this year.