![GLS21_ Zoom background (Layered) [English] - PSD copy.jpg](https://static.wixstatic.com/media/b0c25b_1667e0c4c40c45cf8eddfa961c3ed042~mv2.jpg/v1/fill/w_1093,h_615,al_c,q_85,usm_0.66_1.00_0.01,enc_auto/b0c25b_1667e0c4c40c45cf8eddfa961c3ed042~mv2.jpg)
ТИ ИМАШ ВЛИЈАНИЕ
…И важно е здравјето на твоето водство
Без разлика дали си бизнис лидер, директор, пастор, учител, медицинска сестра, студент, уметник, родител, доктор, волонтер, претприемач, или едноставно си го бараш своето место, ти имаш влијание. Секој ден имаш удел врз оние околу тебе со твоето влијание – за добро или лошо, на значајни или мали начини. Во период кога можеби твојата енергија е исцрпена, твојот раст запрен или се наоѓаш во темнина, време е да откриеш нова надеж за твојата иднина за да ги зголемиш позитивните разлики кои можеш да ги направиш.
Кој е пресвртниот момент за позитивна промена? Твојата способност да напредуваш и да помогнеш да се обнови најдоброто во оние околу тебе, и лично и професионално, зависи од тоа колку е здраво твоето водство.
Твоето водство е важно. Кога вложуваш во развој на лидерските вештини, ти вложуваш и во оние околу тебе. Ги зајакнуваш твоите односи со другите, градиш доверба во тимот, воведуваш новини за подобра иднина, прв се соочуваш со предизвиците со нова перспектива – не само за ти да напредуваш, туку и твоето семејство, твојот бизнис, твојата црква и твојата заедница.
Повеќе од 25 години, Глобалниот лидерски самит нуди лидрески увид поради кој присутните даваат позитивен исход. (врз основа на истражувањето од Excellence in Giving).

СТЕКНЕТЕ УВИД ОД СВЕТСКИ ЛИДЕРСКИ ПРЕДАВАЧИ
Искусете многу влијателни сесии кои ќе ви помогнат да го расчистите патот со бистрина на визијата и со нова енергија.
Областите на експертиза кои нашите предавачи ќе ги истражуваат се: Култивирање иновативност, градење доверба, максимално искористување на продуктивноста, надминување на стравот, вршење влијание за промена, управување со конфликти, подобрување на учтивоста на работното место, пренесување визија и многу други!
ГОВОРНИЦИ

Авторски права 2022 Глобален лидерски самит.
Сите права се загарантирани.